ГУЛАШ ОД ПЕЧУРКИ: Неверојатно вкусен ручек кој совршено ќе ве нахрани!

Вреди да се проба:

Збогатете ја вашата есенска трпеза со оваа одлична чорба која можете да ја послужите со ориз или варени тестенини.

Состојки:

  • 500 грама печурки по желба
  • 200 мл супа од зеленчук
  • 50 мл црвено вино
  • 1 поголем домат
  • 1 кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 2 лажици соја сос
  • 1 лажица доматно пире
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица мајчина душица
  • 1 лажица сушена жалфија
  • сол и бибер по желба
  • магдонос за декорација
  • растително масло за динстање

Подготовка:

Загрејте го маслото во тенџере и врз него пропржете го исечканиот кромид околу три до четири минути. Во тенџерето ставете го сечканиот лук и динстајте уште половина минута. Потоа додадете ги печурките.

- Advertisement -

Истурете го виното во тенџерето и зеленчуковата супа, измешајте и оставете да се вари заедно неколку минути или додека не испари поголемиот дел од течноста. Додадете брашно и се добро измешајте.

Додадете концентрат од домати и свежи домати исечкани на коцки.  Додадете ги зачините по желба. Гответе се заедно уште неколку минути. На ктај кога ќе го сервирате јадењето во чинија додадете магдонос одозгора.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!