ЏУМБУШ ПИТА: Ќе исчезне за миг, крцкава пита со сирење и јогурт е вистински деликатес!

Вреди да се проба:

Реклама

Џумбуш пита е вкусна, срдечна, мирисна и крцкава пита што се прави многу едноставно!

Состојки:

  • 1 пакет готови кори од 500 гр
  • 400 гр сирење
  • 3 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • малку повеќе од половина чаша масло
  • 3 лажици гриз
  • 1 лажичка сода бикарбона или прашок за пециво
  • доколку е потребно сол
  • ако е потребно малку млеко

Дополнително:

Реклама
  • 1 јајце
  • малку млеко
  • малку сусам да се посипе

Подготовка:

Во сад измешајте три јајца, иситнето сирење, јогурт, прашок за пециво и масло и убаво измешајте ја смесата.  Готовите кори кои се завиткани откако ќе ги купите, веднаш исечете ги како ролат, односно на мали парчиња ленти.

Вака исечените кори потопете ги во смесата која претходно ја спремивте од состојките и убаво натопете ги. Доколку е потребно додадете сол по вкус и млеко, доколку ви е посува смесата.

Реклама

Во плех во кој ќе ја печете питата првин намастете го а потоа посипете го плехот со гризот кој го спремивте во состојките. Потоа ставете ја смесата измешана од кори и течни состојки во плехот и одозгора посипете со едно јајце изматено со малку млеко и сусам. Печете на 200 степени 25 минути.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -