Џем од кајсија: Домашен рецепт!

Вреди да се проба:

Одличен рецепт за домашен џем од кајсија. Идеалниот џем од кајсија е светло портокалова боја. Има интензивен мирис, сладок вкус а во исто време и кисел. Течен џем кој одлично се апсорбира во колачи.

Состојки:

  • 2 кг кајсии
  • 1 кг шеќер
  • 10 гр лимонска киселина

Подготовка:

Измијте ги кајсиите, исечете ги на половина и извадете ги семките, но не ги лупете. Ставете ги кајсиите во тенџере со дебело дно и прелијте ги со шеќер. Вклучете го шпоретот на средна топлина. Мешајте го џемот исклучиво со дрвена лажица. Мешајте за да го распоредите шеќерот рамномерно над кајсиите.

- Advertisement -

Наскоро шеќерот ќе се стопи, а џемот ќе изгледа како портокалова супа во која лебдат половина од кајсиите. Додадете го лимонтусот и промешајте уште еднаш.

Почекајте да започне да врие и мешајте го џемот во следните 15 минути, нон стоп. Кајсиите ќе се распаднат по само пет минути. Внимание: додека врие, џемот прска. По истекот на времето, тргнете го тенџерето од оган и наполнете ги теглите кои претходно ги спремивте за џемот. Истурете го џемот во теглите.

Кога теглата е полна, цврсто завртете го капакот и веднаш свртете го наопаку – со капакот завртени надоле. Теглите оставете ги да отстојат околу еден час, додека не се оладат малку. Потоа избришете ги и пронајдете им убаво место во подрумот или оставата.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!