Џем од дренки : Брзо и лесно до вкусна и здрава зимница!

Вреди да се проба:

Реклама

Потешко се прави домашен џем од дренки, има многу работа, но вкусот на џемот е фантастичен.

Испробајте го овој едноставен рецепт, вкусот е навистина прекрасен.

Реклама

Состојки:

  • 5 кг пасирани дренки за џем 5 л
  • 4 кг шеќер 4 кг
  • 3 кесички ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Испасираните дренки за подготовка на џемот истурете ги во голема шерпа. Додадете шеќер и промешајте.

Гответе на умерени температури со повремено мешање. Кога ќе стане погуста смесата, додадете ванилин шеќер и варете до крај со постојано мешање.

Реклама

Џемот е готов кога ќе земете една лажица полна со џем и кога ќе пробате да ја истурите врз чинија, нема да се истури капка на чинијата, туку цврсто ќе стои. Или пак, извадете една лажица џем, ставете ја на чинија, изладете ја и проверете ја густината. (Внимавајте да не се превари. Кога ќе се излади ќе биде многу погусто.)

Измиените и суви тегли ставете ги во рерна и загрејте ги на 100 C. По околу половина час извадете ги теглите и оставете ги да се изладат неколку минути.

Топлиот џем сипете го во топлите тегли. Вратете ги теглите во исклучената и уште топла рерна да отстојат околу половина час.

- Advertisement -

Извадете ги, затворете ги добро, завиткајте ги во крпа и оставете ги целосно да се изладат.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -