Ќофтињата се омилено јадење со месо, а кога ќе ги подготвите со зелка ќе бидат неодоливи.




Нема повеќе инспирација што да подготвите за ручек? Сега комбинирајте ги двете омилени јадења во едно. Направете ќофтиња и чорба од свежа зелка, па печете во рерна со сирење. За да ги направите ќофтињата посочни, задолжително додадете павлака.




Состојки:
- 700 гр свежа зелка
- 500 гр мелено месо
- 1 јајце
- 1 кромид
- 1 морков
- 50 гр павлака
- 100 гр кашкавал
- Сол
- 300 мл Доматно пире
Подготовка:




Изрендајте ја зелката и посолете ја, па оставете ја на страна во садот во кој ќе го печете јадењето. Потоа зачинете го меленото месо и додадете го јајцето, исечканиот кромид, изренданиот морков и павлаката. Добро соединете.




Обликувајте ги ќофтињата и наредете ги во тавче над зелката. Посипете ги со доматното пире и печете на 180 ° C околу 35 минути. Потоа извадете, посипете со кашкавал рендан и печете уште 5 минути.




Пријатно!