Реклама
Традиционалната полска салата подготвена за празници или прослави има сличен вкус на руски и француски салати.




Разновидниот зеленчук, но и јаболката е она што и дава специфичен вкус на оваа салата, а преливот и дава сочност.
Реклама
Состојки:
- 4 средни компири
- 2 средни моркови
- 4 јајца
- 6 кисели краставички
- 2 помали јаболка
- 0,5 лажици густ јогурт
- 5 лажици мајонез
- 1 лажица сенф
- свеж зачин
- сол и бибер по вкус
Подготовка:




Во тенџере со вода ставете ги компирите и излупените моркови и оставете да се варат. Гответе додека не омекнат. Сварете ги и јајцата. Кога ќе се изладат, излупете ги компирите, па исечкајте ги на коцки. Исечете моркови, јајца, кисели краставички и јаболка.




Измешајте јогурт, мајонез, сенф, па соединете. Истурете ги сите состојки и преливот во еден сад, а потоа нежно измешајте додека не се соединат. На крај додадете ги зачините и повторно промешајте.
Реклама




Пријатно!