ЌЕ САКАТЕ ПОВТОРНО ДА ЈА ПРАВИТЕ: Оваа пита со месо е вкус за паметење! 

Вреди да се проба:

Оваа пита ќе ве остави без зборови.

Состојки:

  • 300 гр мешано мелено месо
  • 1/2 кг компири
  • 1 кромид
  • 200 гр брашно
  • 200 гр рендан кашкавал
  • 1 јајце
  • сол, бибер по вкус
  • свеж магдонос

Подготовка:

Пропржете го кромидот во малку масло, додадете мелено месо и зачини и динстајте додека месото не е готово.

- Advertisement -

Ставете го компирот во зовриена солена вода да се свари и оставете да отстои една минута да се излади. Додадете едно јајце, сецкан магдонос, сол и бибер и добро измешајте. Потоа додадете брашно, месете додека смесата не престане да се лепи на прстите. Поделете ја смесата на две и раширете ги двете со рацете во големина колку вашата тава.

Ставете го првиот дел од компирот на тавата со малку масло, над него ставете од кашкавалот, потоа од мешавината од месо, пак кашкавал и покријте со вториот дел од компирот. Добро притиснете на рабовите, покријте и печете 10 минути на тивок оган во тава. По 10 минути, свртете ја целата пита со чинија и печете непокриено уште 10 минути, додека не порумени.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!