Лесните освежителни десерти се секогаш добредојдени, а токму оваа јогурт торта е вистинското решение во секое време.
Иако за оваа јогурт торта е потребно печење, нема да ви претставува проблем бидејќи се што треба да направите е да ги измешате состојките за што ви се потребни само 5 минути.
Ќе уживате во вкусот на овој освежителен десерт и сите ќе ви бараат рецепт. Ако сакате да ја засладите можете да додадете шеќер во јогуртот. За потполно уживање служете ја со домашен леден чај од праска.
Состојки:
- 400 гр. јогурт
- 4 јајца
- 40 гр. пченкарно брашно
Подготовка:
Во длабок сад ставете ги јогуртот, јајцата, пресеаното брашно и убаво изматете ги со миксер. Истурете ја добиената смеса во калап обложен со хартија за печење.
Печете на 170 степени околу 30-40 минути. Откако ќе се испече почекајте потполно да се олади тортата а потоа сервирајте.
Добар апетит!