Неодоливо меко тесто, кое едноставно ќе го обожавате!




Состојки:
- 800 гр пченично брашно
- 450 мл топло млеко
- 150 мл јогурт
- 50 гр несолен путер
- 10 гр сув квасец или 30 гр свеж квасец
- 10 гр шеќер
- 15 гр сол
Подготовка:
Во еден сад подгответе 800 гр брашно и додадете 10 гр сув квасец и 10 гр шеќер. Подгответе 450 мл топло млеко и само додадете малку на местото каде што го ставивте квасецот. Промешајте за да се раствори квасецот.




Додадете 15 гр сол, 150 гр јогурт, 50 гр путер и остатокот од млекото и од овие состојки замесете тесто колку да се измешаат состојките. Тестото не треба многу да се меси, бидејќи за тоа време ќе биде многу меко.




Покријте го тестото со кујнска крпа и оставете го да отстои на собна температура 15 минути. По 15 минути замесете тесто, додавајќи што помалку брашно, односно месете додека не добиете фина и еднолична маса. Потоа се остава да стаса на собна температура околу 30 минути.




По 30 минути посипете ја работната површина со брашно и превртете го тестото преку брашното. Расукајте го тестото со прсти и дури потоа со сукало до дебелина од околу 3 мм. Истегнете го работ од тестото каде што ќе го завиткате уште малку на крајот. На овој раб исечете го тестото на растојание од 1,5 см како чешел.




Завиткајте го тестото и обликувајте круг, односно спојте ги двата рабови како ѓеврек. Тестото префрлете го во подмачкан плех или хартија за печење и оставете го да стаса околу половина час или повеќе, во зависност од температурата во кујната.




Пред печењето премачкајте го лебот со една жолчка. Лебот се пече на 180 степени C околу 25 минути. Кога ќе се испече лебот, премачкајте го со масло или путер за дополнителен сјај. Покријте го лебот со кујнска крпа и оставете малку да се излади.
Пријатно!