Јајца полнети со спанаќ: Брзо предјадење за скоро 15 минути!

Вреди да се проба:

Супер идеја за предјадење, јајца полнети со спанаќ!

Состојки:

  • 12 варени јајца
  • 1/4 чаша мајонез
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 2 лажици стопен путер
  • 200 гр спанаќ
  • 3 парчиња сецкана сланина
  • 3 парчиња млад кромид  (зелениот дел од кромидот)
  • сол по вкус
  • бибер по вкус

Подготовка:

Ситно исецкајте го кромидот. Измијте го, сварете го и ситно исецкајте го спанаќот и исцедете го добро. Јајцата сварете ги, излупете ги и исечете ги на половини а жолчките извадете ги од белката.

- Advertisement -

Измешајте ги сите состојки заедно со извадените жолчки од јајцата и вратете го така добиениот фил со лажица во вреќа или кеса за полнење јајца. Потоа во секоја вдлабнатина од белките од јајца ставете од филот. Јајцата ставете ги во фрижидер најмалку еден час пред да ги послужите.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!