Меко пециво како душа кое можете да го јадете и со сиренце или пак со џем.
Состојки:
- 600 гр меко брашно Т-400
- 1 лажица мед
- 1 лажичка сол
- 40 гр свеж квасец
- 4 лажици екстра девствено маслиново масло
- 1 лажичка сецкан свеж рузмарин
- 1 лажичка сецкан свеж босилек
- 300мл млака вода
Подготовка:
Квасецот растопете го во млака вода со мед и оставете го да се активира. Просејте го брашното во сад за мешање, додадете ги потребните состојки, додадете го квасецот и измесете мазно тесто.
Оставете го да отстои и расте околу 30-40 минути покриено со кујнска салфетка. Лесно набрашнете ја работната површина, а потоа со сукало раширете го тестото на дебелина од 1 см. Исечете ги парчињата по желба со секач.
Загрејте масло во голема тава. Испржете ги парчињата исечено тесто на среден оган. Не ставајте премногу масло во тавата туку за секое следно пржење, истурете лажица или две маслиново масло во тавата, така што пецивото повеќе ќе се пече отколку што ќе се пржи.
Печете од двете страни по една минута или две, земајќи ја предвид јачината на плочата за готвење за да не изгори тестото. Послужете го пецивото со гарнир по желба, и убаво е и топло и ладно.
На здравје!