Рапсодија на вкусови. Зачините и домашниот сос од домати даваат прекрасна арома на овој рецепт.
Состојки:
- две глави зелка
- 200 грама говедско месо
- два помали компири
- два моркови
- главица кромид
- домашен сос од домати
- Хималајска сол
- зачин коријандер
- црн пипер
- чиа семе
- морско оревче
- маслиново масло
Подготовка:
Кромидот се динста со месото, па се додава сецканата зелка, морковот, компирот и домашниот сос од домати. Гответе 15 минути, а потоа додадете вода и сите напишани зачини.
- Advertisement -
Гответе еден час и потоа додадете семе од чиа.
Ние веруваме дека ќе уживате во овој вкусен ручек, дури и ако не сте љубител на зелка.
На здравје!