Јадење во рерна полно со витамини: Сеуште не сте пробале да го зготвите наутот вака!

Вреди да се проба:

Реклама

Денес ви донесовме вистински зимски рецепт, полн со вкусни состојки, но сепак лесен, а истовремено погоден за луѓе кои не сакаат месо. Рецептот е многу едноставен, а резултатот е многу вкусен.

Состојки:

  • 2 средни кромида, излупени и сецкани
  • 2 чешниња лук, смачкани
  • 200 гр печурки, грубо исецкани
  • 400 гр наут во конзерва
  • 3 лажици маслиново масло
  • 3 лажички црвен пипер
  • 400 гр доматно пире
  • Мелен пипер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200˚С. Исецкајте го зеленчукот. Ставете кромид и лук, печурки и наут во голем сад за печење или тава. Намачкајте со маслиново масло и додадете го црвениот пипер. Потоа добро измешајте, така што се е рамномерно покриено со масло и зачин.

Реклама

Печете 30 минути, а на половина од тоа време измешајте се добро. После тоа време, додадете доматно пире и добро промешајте уште еднаш. Вратете се во рерна уште 10 минути.

Додадете бибер по вкус и подготвено е за сервирање.

Реклама

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -