Јагнешка капама: Вкусен рецепт што и Турците го презедоа од нас!

Вреди да се проба:

Ова е рецепт од старата традиционална кујна. Главните состојки се спанаќот и јагнешкото месо.

Состојки:

  • 800 гр јагнешко
  • 1 кромид
  • 1 праз
  • 500 гр спанаќ
  • 1/2 л супа коцка
  • брашно, масло
  • сол, мелен црвен пипер
  • овчо кисело млеко

Подготовка:

Исечете го месото на коцки и оставете го настрана. Излупете кромид и праз и исечете ситно. Додадете сол во коцките од месо и превртете ги во брашно, па кратко пропржете ги на малку врело масло, додека не заруменат малку од секоја страна.

- Advertisement -

Извадете го месото, па ставете го кромидот во истата маст, додадете сол и пржете мешајќи додека не порумени. Вратете го месото, додадете го празот и истурете ја супата. Посипете со половина лажичка мелен црвен пипер и варете на умерена топлина додека месото не стане меко.

Додадете го измиениот спанаќ и покријте го да се вари. Извадете го капакот, промешајте и варете додека не зарумени малку. Послужете со овчо кисело млеко. Може и кравло но да биде полномасно.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!