Заборавено јадење од регионот на кое нема да можете да одолеете.




Состојки:
- 1,5 кг зелка
- 3 лажици маст
- 1 лажица масло
- 10 зрна бибер
- 1 лажица црвен пипер
- 1 чаша доматно пире
- 1/2 лута пиперка
- 4 колбаси
- 3 чаши вода




Подготовка:
Изрендајте ја целата зелка. Ставете лажица маст во голем сад и стопете ја на шпоретот. Истурете ја изреданата зелка, додадете лажица сол, две лажици маст, 10 зрна бибер, една лажица црвен пипер, половина ситно исечкана лута пиперка или лажичка мелена лута пиперка, 1 чаша доматно пире или свежи сецкани домати околу две чаши. На крај додадете три чаши вода.




Покријте и варете додека не зоврие. Ништо не се меша. Кога ќе зоврие, отворете, промешајте и намалете ја топлината. Гответе во полуотворена тава на тивок оган 15 минути, мешајќи повремено.




Ќе видите дека зелката испуштила вода и дека нема да има потреба да се додава вода. Ако навистина ви треба, додадете половина чаша. После петнаесет минути, зелката ќе спласне и онака ќе биде полу-зготвена.




Спремете сад за печење, премачкајте го со лажичка масло и ставете ја зелката. Кога ќе ја ставите зелката, ставете ги колбасите над неа. Ако немате колбас, можете да ставите бут или колено.




Сето ова се пече во рерна на 180 степени од моментот кога ќе почне да врие 20 минути. Доколку е потребно, додадете малку повеќе сол на крајот.
Добар апетит!