Најважните состојки на ѓувеч се црвен пипер, домат и кромид, и друг зеленчук по ваша желба.




Состојки:
- 1 голем кромид
- 300 гр исчистени, сецкани пиперки (5-6 парчиња свежи)
- 3 поголеми домати (400 гр)
- 1 чаша грашок
- 1 чаша боранија
- 1 чаша моркови
- 1 чаша ориз
- 3 чаши вода
- 100 мл масло
- 1 лажица сол
- бибер по вкус




Подготовка:
Исечете го кромидот, додадете масло и малку вода и оставете го да се крчка. Кога кромидот е половина готов, додадете го целиот ситно сецкан зеленчук, а потоа додадете чаша вода и лажица сув зачин.




Натопете го доматот во врела вода неколку минути, излупете го и исечкајте го. Оставете да се крчка околу 20 минути. Кога зеленчукот е половина готов, додадете чаша ориз и две чаши вода, додајте сол, намалете го огнот и оставете го да зоврие.




Кога ќе го додадете оризот, треба да го мешате малку почесто. Огнот мора да биде послаб. Додека го готвите оризот, проверете дали е сварен. Кога оризот се готви, од водата мора да остане малку, така што да биде се сочно, оризот не смее да остане сув. Послужете топло.




Добар апетит!