Зимата е долга и зеленчукот ни е многу потребен во зимските денови.Вака приготвен секогаш ќе го имате при рака за да го подготвите и зачините секое зготвено јадење.
Предноста е што ќе ви заштеди пари и што може да се користи и како додаток во оброк или како салата.Веруваме дека ќе ви се допадне и дека во иднина ќе подготвувате ваква зимница. Не треба многу време или многу пари. Храната ја избирате произволно по ваш вкус и количина.
Состојки:
- 3 кг. домат
- 300 гр. лути пиперки
- 8 црвени пиперки
- 500 гр. Кромид
- 500 гр. моркови
- 1 китка магдонос
- 1 китка целер
- Бибер, ловоров лист, сол, шеќер.
Подготовка:
Доматите исечете ги на парчиња, пиперките исто така на големина која ви одговара, кромидот исечкајте го на полумесечини и морковот на кругови. Магдоност и целерот ситно исечкајте ги или на големина која ви одговара.
Целата смеса од зеленчук соенинете ја и убаво измешајте се. Потоа оставете така да отстои 2-3 часа. Откако ќе отстои, префрлете ја во стерилизирани тегли и и пастеризирајте.
Пријатно!