Ѓомлезе: Тури-потпечи, симбол на кулинарството во Охрид и Струга

Вреди да се проба:

Реклама

Ѓомлезе, ѓомлезец, тури-потпечи или кашаник е македонско традиционално јадење, симбол на кулинарството во Охрид и Струга.

Зборот ѓомлезе потекнува од турскиот збор gözleme, што значи обланда. Традиционално ѓомлезето се подготвува само од брашно, вода и сол, во поново време му се додава и масло и се пече под вршник.

Реклама

За оние кои не се од тој крај еве рецепт  да се запознаат со ѓомлезето и како тоа се прави.

Состојки:

  • 100 мл. масло (Mаслиново или животинска маст со која е поубаво)
  • 2 кг брашно
  • вода по потреба
  • 1 мала лажичка сол

Подготвка:

Мешајте ги сите состојки заедно со миксер. Треба да добиете кашеста смеса која е слична како за палачинки. Кога e се убаво измешано посолете со лажичка сол.

Реклама

Земете тепсија и намачкајте ја со масло. Истурете со црпалка за супа количество каша колку да се направи тенок слој како за палачинка во тепсијата и ставете во рерна.

Додека оние кои имаат можност за вршник по оригинален рецепт можат да го направат тоа под вршник.

Кога слојот од кашата ќе се потпече и вцрви, извадете ја тепсијата, премачкајте со  слој масло, па внимателно со црпалката истурете нов, тенок слој каша. Ова треба да го повторувате се додека не ја потрошите цела каша.

- Advertisement -

Кога ќе ја ставите последната кора, се остава малку повеќе да се запече.

Се сече во форма на ромбови и се послужува со сирење, јогурт, патлиџан, матеница.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -