Направете ја оваа вкусна украсна погача.




Состојки:
Тесто:
- 600 гр брашно ТИП 500 (меко)
- 40 гр свеж квасец
- 1 јајце
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 50 гр маргарин
- 250 мл млако млеко
- 3 лажици јогурт
Фил:
- 120 гр маргарин
- 1 јајце
- 2 парчиња сирење
За премачкување:
- 1 жолчка од јајце
- малку масло
- сусам




Подготовка:
Месете го тестото од наведените состојки и оставете го да нарасне. Расукајте кора со дебелина околу половина сантиметар со сукалка.




За филот, комбинирајте ги јајцето, сирењето и маргаринот и убаво измешајте ги. Наместо овој фил може да направите и пица фил: изрендајте ги сите состојки за пица, измешајте со кечап, додадете оригано, премачкајте го секој круг тесто со малку омекнат маргарин, иборот за фил е ваш.




Извадете од тестото со чаша како за крофни кругови и наредете ги во подлабок сад така што секој круг да лежи на половина од претходниот, а помеѓу секој од нив ќе ставите фил.




Оставете така да стаса околу 20 минути, премачкајте го со изматена жолчка од јајце, посипете семе од сусам и печете на 220 степени околу 30 минути, кога ќе пожолти, одозгора можете да ставите фолија за да не изгори.
Добар апетит!