Дали има некој што би одолеал на овој десерт?
Состојки:
- 800 гр брашно
- 2 дцл млеко
- 2 дцл вода
- 2 дцл масло
- 8 лажици шеќер
- 1 лажиче сол
- 1 коцка свеж квасец
Фил:
- 300 гр цреши
- 100 гр шеќер
- 2 пакетчиња пудинг од ванила
- 1/2 л млеко
- 50 гр путер
Подготовка:
Ставете го квасецот во млако млеко, додадете шеќер и оставете го да нарасне. Кога ќе нарасне, истурете го во брашното, а потоа додадете вода, масло и сол. Месете помеко тесто, па оставете го на топло да се удвои. Поделете го тестото на два дела.
Згответе го пудингот со млеко и шеќер, а кога малку ќе се олади, додадете го изматениот путер и измешајте се добро. Тестото развлечете го во дебелина од три сантиметри. Наполнете со половина од филот од ванила, па посипете со половина од црешите на кои претходно сте им ги извадиле семките и завиткајте ја штрудлата.
Повторете го процесот со остатокот од тестото и полнењето. Штрудлите премачкајте ги со жолчка и печете на 180 степени околу половина час.
Уживајте!