Што треба задолжително да имате на бадниковата трпеза и кои се обичаите?

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Бадник го карактеризира традиционална заедничка вечера на која се собираат сите членови на семејството. Меѓутоа што не смее да изостане од вашата трпеза во текот на оваа вечера?

На трпезата традиционално, како прво и основно, треба да имате погача со паричка, потоа посно гравче, посна сарма, суви пиперки, салата од компир или кисела зелка, печена тиква, компот, баклава, посни колачиња и суво овошје. Во некои краеви тој ден се меси зелник со праз, баница со афион или блага баница со јаболка.

Бадниковата трпеза секогаш е посна трпеза!

- Advertisement -

За трпезата на Бадник има многу верувања, во различни краеви домаќинствата различно се подготвуваат, има разлики и во јадењата кои се поставуваат. Сигурно е само дека сите месат лепче со паричка, а лепчето но и останатите јадења треба да се посни.

Се верува дека на Бадник треба да има непарен број јадења, на пример седум видови храна, девет или 11. Според традицијата ако ставите повеќе јадења годината ќе биде подарежлива. Затоа домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година.

Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши лепчето.

Лепчето се дели на толку парчиња колку што има членови семејството и дополнително едно парче кое се наименува на куќата со цел да означува куќна среќа поддеднаква за сите членови на семејството и уште еден дел за Бога.

Кај оној член во чие парче ќе се пронајде паричката се верува дека ќе има среќа во целата година. Исто тој член се дарува со пари за бериќетна да му е годината.

На бадниковата вечера мора да имате запалено и свеќа која треба да гори се додека не си легнете, а многу важен детал е и бадниковото гранче кое симболизира среќа и долговеќност во домот.

Домот за Бадник традиционално се украсува со бадниково гранче, кое го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа. Бадниковото гранче е од дабово дрво, кое се смета за најиздржливо и за највековито.

Според преданијата, праведниот Јосиф токму со ова дрво запалил оган за да ги стопли Исус и неговата мајка Марија.

Бидејќи дабот симболизира долговечност, здравје и издржливост народните преданија велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот неговите особини ќе се пренесат на сите луѓе што живеат во тој дом. За разлика од другите листопадни дрвја на почетокот на есента листовите од дабот ја менуваат боја, но се задржуваат на гранките и во текот на зимата.

Пред донесување на бадниковото гранче во домот, домаќинката ја чисти куќата, подготвува посна храна, го меси обредниот леб.

Бадниковото гранче не се внесува во куќата се до првиот самрак. По вечерата бадниковото гранче се ставало во огниште да гори. Во некои краеви пак бадниковото гранче не се оставало да догори до крај, туку неговиот остаток се чувал како заштитник од болести и од штетници.

Се ставаат ореви во лушпа, печена тиква, леблебија. А многумина велат дека од трпезата на Бадник не смее да изостане ниту медот, кој се јаде заедно со ореви, а после Бадник во куќата се чува како лек.

Лукот се верува дека штити од болести и старите често го користеле на трпезата со цел цела година да ги заштити од болести и зла во домот. Се верува дека мора да го има затоа што има симболика за борба против болести и зло.

Според етнолозите симболиката за гравот на празничната трпеза е верување кое ни доаѓа уште од индогерманските народи и сведочи за тоа дека гравот е омилено јадење за душите на покојните.

На тој начин во текот на Бадниковата вечера, се воспоставува симболичка врска со нашите предци, кои токму преку јадењето доаѓаат во врска со своите генерации, давајќи им сила и поттикнувајќи просперитет.

Рибата пак има ритуално значење, чие потекно не е толку познато, но кое во средниот век се поврзувало за симболот на Исус Христос.

Сепак, на Бадниковата вечер симболична улога нема само храната, туку и пијалокот. Еден од обичаите е ракијата и црвеното вино. Знаеме дека виното ја симболизира крвта, и овој обичај е многу јасен, посебно доколку се додаде фактот дека вино од маса не смее да се истури.

За време на јадењето не станува никој, домашните се чекаат еден со друг, и дури откако заврши обредот, се станува, и тоа е важно во текот на овој период семејството да биде на куп и сложно. На тој начин Бадник , како што кажавме е потсетување на тоа колку е важно семејството и слогата во него.

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!