Шпагети во бел сос со пилешко месо и печурки

Вреди да се проба:

Интересен начин како да подготвите шпагети со сос од пилешко месо.

Потребни состојки:

  • 500 гр. шпагети,
  • 1 главица кромид ,
  • 300 гр пилешко бело месо,
  • 250 мл павлака за готвење ,
  • 300 гр маринирани печурки ,
  • сол ,
  • црн пипер
  • свеж магдонос ,
  • 50 гр бадеми (за декорација)

Начин на приготвување:

Исечкајте го кромидот на ситно и ставете го да се пржи.Кога ќе почне да ја менува бојата, додајте го пилешкото месо исечкано на тенки ленти или мали коцки и пржете околу 5 минути.

- Advertisement -

Додадете ги печурките и пржете се заедно уште 10-тина минути.Исцедете ги шпагетите од водата во која се вареле, додајте малку маслиново масло во нив и промешајте ги.

Маслото ќе ги спречи да се залепуваат).Кога месото ќе биде испржено, додадете ја павлаката за готвење, солта, црниот пипер и останатите зачини, и пржете со поврмено мешање додека во павлаката не почнат да се појавуваат меурчиња (пред да почне да врие).

Ставете ги шпагетите во длабоки чинии, истурете го сосот врз нив (а може и да ги измешате со сосот пред да ги ставите во чинијата), и посипете ги со пармезан.

За крај, посипете ги парчиња бадеми кои сте ги пропржиле во тавче без масло, или сте ги запекле во микробранова печка,наросете малку магдонос за декорација врз целата чинија.

Имајте добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!