ШНИЦЛИ во сос од пиво и кромид: Месото е извонредно меко, сосот е многу кремаст!

Вреди да се проба:

Реклама

Месото е извонредно меко, сосот е многу кремаст.

Состојки:

  • 1 кг стек или врат без коски
  • сол и бибер
  • 3 големи кромида
  • 1 лажица брашно
  • 250-500 мл пиво
  • 0-250 мл вода
  • листови магдонос
  • малку лукче во гранули

Подготовка:

Излупете го стекот или вратот, посолете и побиберете. Во тава загрејте малку масло да зоврие, па пропржете ја секоја шницла, додека малку порумени од двете страни. Се редат во огноотпорен сад.

Реклама

Кромидот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата каде што се пржи месото. Се пржат неколку минути, на средна температура, па се прелива со чаша вода и се продолжува да се крчка.

Кога водата ќе испари, пржете го кромидот уште малку, додека не порумени. Потоа додадете брашно, измешајте и истурете пиво и вода или само пиво. Количината на пивото сами одредете ја по вкус. Промешајте и прелијте го месото.

Реклама

Ставете во рерна на 200 степени. По еден час само со вилушка малку промешајте го месото, протресете го и оставете уште малку да се испече. Послужете топло.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -