ШНЕНОКЛЕ, стар традиционален рецепт за десерт: Ретко кој го знае!

Вреди да се проба:

Мириса на среќа и детство. Подготвено на овој начин, дури и почетниците успеваат совршено да го направат! Брзо слатко задоволство.

Состојки:

    • 1 литар млеко
    • 6 јајца
    • 6 лажици шеќер
    • 200 гр бисквити.

Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките. Прво изматете ги жолчките со шеќерот. Ставете 900 мл млеко да се загрее, и промешајте ги во преостанатите 100 мл. На дното на садот во кој ќе послужите наредете ги бисквитите.

- Advertisement -

Потоа изматете ги белките во цврст снег додека млекото се загрева (се се прави брзо и едно по друго). Кога млекото ќе зоврие, намалете го огнот малку и со лажица вадете ги „ноклиците“ т.е земете со лажица од белките и ставете во зовриено млеко. Свртете ги да се „зготват“ од другата страна (до 30 секунди од секоја страна) и извадете ги и наредете ги врз бисквитите во садот.

Кога ќе ги потрошите сите белки, измешајте ги жолчките измешани со шеќер и додајте ги во топлото млеко и варете неколку минути додека не се згусне, како пудинг.

Истурете ја топлата крема преку ноклиците во садот, а одозгора посипете ги преостанатите скршени или мелени бисквити. Ако сакате, можете да изрендате и млечно чоколадо одозгора. Ова е по желба и малку изменет рецепт, додека во минатото шненоклето го подготвувале од само белка, жолчка и млеко.

Уживајте во совршениот десерт!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!