ШКЕМБЕ ЧОРБА – Ова е највкусната македонска чорба приготвена по стар бабин рецепт!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Името на оваа чорба потекнува од персискиот збор shikambeh (стомак) и shorba (густа супа). А на Балканот е пренесена за време на Отоманската Империја. 

Денес се помалку домаќинства подготвуваат шкембе чорба, поради долгото време на подготовка и миризбата. Но за оние кои ја обожаваат оваа чорба, еве еден преубав стар рецепт:

Состојки:

  • 1,5 кг шкембе
  • 150 гр. вино
  • 4-5 моркови
  • 1 сува лута пиперка
  • 2 компири
  • 1 телешка коска
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица зачинска сол (Вегета)
  • 2-3 чешниња лук
  • оцет по вкус
  • црн бибер
  • 1 ловоров лист
  • сол по вкус
  • масло
- Advertisement -

ВАЖНО: Шкембето најпрвин се чисти од внатрешниот дел. Потоа се потопува во врела вода околу 3-4 минути, па со лажица се гребе од внатре.

Откако ќе се исчисти, се вари. Шкембето мора да се вари долго, над 4 часа, затоа што може да остане тврдо и нема да може да се џвака.

Начин на приготвување:

Исчистете го убаво шкембето, измијте го и ставете да се вари во солена вода. Кога ќе зоврие водата, фрлете ја. Измијте го шкембето и исечете го на пoситни парчиња, на коцки. Ставете го во тенџере и пропржете на малку масло, додадете чиста вода и оставете да се вари.

Заедно со шкембето додадете во тенџерето вино, ловоров лист, лук, сува пиперка, моркови и компири. Варете ги заедно се додека компирите и морковите да омекнат.

Откако ќе се сварат отстранете го ловоровиот лист и сувата пиперка, а морковите и компиирте извадете ги одделно.

Морковите и компирите испасирајте ги во блендер и потоа вратете ги назад во тенџерето. Кога повторно ќе зоврие водата, оставете да се вари и да крчка.

Телешката коска ставете ја посебно да се вари околу 1 час. Откако ќе се свари, коската се отстранува, останува само течноста. Ваквата течност се прецедува и се соединува заедно со шкембето. Се остава се зедно да проврие.

На крај подгответе ја запршката. Ставете малку масло да се загрее, додадете 1 лажица брашно и пропржете го да добие убава кремаста структура,а потоа додадете 1 кафена лажица црвен пипер.

Кога ќе ја направите запршката, додајте ја во тенџерето и налејте гo шкембетo сo неа. Доварете ја чорбата уште десетина минути и додадете го црниот бибер и сол по ваш вкус. Промешајте и гответе 1-2 минути.

Чорбата се сервира со сос од истолчен лук со оцет. Истолчете 1 чешне бел лук и промешајте го со исечкан магдонос, малку вода и оцет.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!