Шишарка салата: Најубавото предјадење направено за само 15 минути!

Вреди да се проба:

Реклама

Оваа вкусна и убава за око салата ќе ги воодушеви вашите гости. Се прави брзо и лесно и исто толку брзо се јаде.

Состојки:

  • 500 гр крем сирење
  • 150 гр кисели краставички
  • 200 гр варено пилешко (или шунка)
  • 50 гр мајонез
  • 1 чешне лук (по вкус)
  • сол по вкус
  • бадеми за украсување

Подготовка:

Додадете ситно сецкан лук во крем сирењето, додадете мајонез и изматете ја смесата со миксер или добро измешајте.

Реклама

Краставиците ситно исецкајте ги, и вареното пилешко (или шунка) исечете го на помали коцки. Додадете во претходната смеса. Додадете сол по вкус.

Измешајте се добро, а потоа обликувајте ја смесата во форма на конус, и поставете ја на чинија.

Реклама

Наредете ги бадемите на смесата со кремастото сирење во форма на шишарка. Украсете ја салатата со гранчиња зачин или рузмарин.

Мезето е подготвено.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -