Ширден на прилепски начин – Нешто повкусно не сте пробале!

Вреди да се проба:

Реклама

Овој традицонален македонски рецепт е прилепски специјалитет кој има посебен шмек од зачинот јенибар (пимент). Многу е декоративно и посебно вкусно јаење, со примамливи ароми на ориентот, кое претставува наследство од ориенталната кујна и никого не го остава рамнодушен…

Ширден всушност е внатрешен орган на младо јагне, кој преставува продолжение на желудникот.

Реклама

Во некои краеви овој специјалитет може да се сретне и под името сириште од јагнето.

Состојки:

  • 500 гр телешко месо
  • 500гр свинско месо
  • 500 гр јагнешко месо
  • 400 гр кромид
  • сол
  • црн бибрер
  • 3 до 4 големи лажици ориз
  • ширдени
  • мелен црвен пипер
  • 150 мл. маслиново масло
  • 250 мл. вода
  • 100 мл. пиво
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • малку јенибар
  • 4-5 суви пиперки (по желба)

Подготовка:

Ширденот темелно се чисти, струга и таков е подготвен за полнење. Треба убаво да се исчистат јагнешките ширдени, да станат прозирни.

Реклама

Трите видови месо се сечкаат на мали парченца, со димензија од 1,5 сантиметри.

Во тенџере се става масло, се додава месото и се пржи околу 30 мин.Се динста се додека не испари течноста од самото месо. Пред крај на пржењето се додава ситно сечканиот кромид, по што сѐ се пропржува уште 5 мин.Се пржи местото заедно со кромидот додека не добие малку кафеникава боја.

Се зачинува со сите зачини, се додава сол, црн бибер, малку јенибар, измиениот ориз и на крај се додава магдоносот. Потоа се додаваат ситно исечканите суви пиперки, ситно исечканиот лук и црвениот пипер.

- Advertisement -

Добро исчистените ширдени се полнат со запрженото месо и се затвораат со шиење (стар прилепски начин) или може да ги затворите со чачкалица. Во секој ширден се става околу два грста од смесата и малку течност од онаа што ја пушти месото при динстањето. Се полнат онолку ширдени колку што има од спремената смеса од месо.

Ширдените се наредете ги во земјена тава, налејте пиво и вода до половина. Се налеваат со течност колку да се покријаат ширдените. Ставете малку црвен пипер, прелијте со масло, и избоцкајте ги ширдените со чачкалица за да не испукаат при печење. По желба може да се додаде и сува лута пиперка.

Се пече два часа, на температура од 180 степени. Најдобро е да се пече во земјена тава.

Кога ќе добијат убава црвена боја, превртете ги, и почекајте ги да се вцрвенат и од другата страна. Ако е потребно, покријте ги со хартија за печење за да не изгорат одозгора.

Ширдените се служат додека се топли, прелиени со сосот од печењето.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -