ШЕКЕРПАРЕ: Пробајте го вкусот на традицијата!

Вреди да се проба:

Шекерпаре е еден од најпопуларните десерти во турската кујна, исто така многу популарен во Македонија. Тие се меки топчиња, украсени со бадем или лешник во средина и потоа потопени во шеќерен сируп со лимон.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 1 чаша брашно
  • 1 чаша гриз
  • 1/2 чаша масло
  • 1/4 чаша млеко
  • 1/4 свеж квасец 10 g
  • прстофат прашок за пециво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • лешници по потреба

За шербет:

- Advertisement -
  • 250 мл вода
  • 250 гр шеќер
  • сок од 1 лимон

Подготовка:

Јајцето изматете го со миксер, па додадете ги останатите состојки и измешајте. На крајот, замесете го тестото со рака. Земете малку тесто, направете мала топка, а потоа притиснете ја со дланката и ставете ја на плехот за печење.

Повторете ја постапката додека не заврши целото тесто. Ставете лешник на средина од секоја од нив.

Оставете така да отсои 30 минути, а потоа ставете да се печат на 180 C степени околу 30 минути или повеќе, додека да добијат убава боја и малку да се стврднат.

Додека колачињата се печат, подгответе го шербетот со врела вода и шеќер да повријат 10 минути. Кога е готово, оставете да се излади, и додадете го сокот од лимон.

Откако ќе се испечат колачињата, полијте ги со изладен сируп и оставете да киснат. Тие многу брзо ќе го впијат сирупот и ќе бидат подготвени за јадење.

Уживајте!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!