Реклама
Совршен десерт по Божиќниот ручек.




Состојки:
- 80 гр суви кајсии
- 80 гр суви дуњи
- 80 гр суви јагоди
- 80 гр суви цреши
- 80 гр суво грозје
- кора од лимон и портокал
- морско оревче
- сол
- 2 каранфилчиња
- 50 гр шеќер
- 220 гр брашно
- 200 гр путер
- екстракт од ванила
- 200 мл вода
- 2 јајца
- 10 гр прашок за пециво
- 100 гр ореви и лешници
Подготовка:




Сувото овошје исечкајте го, ставете го во шерпа, прелијте го со вода, додадете путер и шеќер. Оставете да се вари 3-4 минути. Изладете.
Реклама




Додадете изматени јајца, брашно, прашок за пециво, ореви и зачини по вкус (цимет, морско оревче, екстракт од ванила). Додадете кора од лимон и портокал. Се убаво измешајте, истурете го во плех обложен со хартија за печење или во куглоф.




Печете на 160 ° C 60-70 минути. Истурете малку коњак или ликер по желба.
Реклама
Пријатно!