ШАРЕНА туршија: Највкусната салата полна со здравје и витамини!

Вреди да се проба:

Летото се приближува кон крајот, што значи дека е време да се подготвиме за зимата.

Во зима, имаме помалку овошје и зеленчук на располагање, а витамини и минерали ни се потребни во тој период дури и повеќе отколку во лето. Најдобар начин да ги зачувате е да направите зимска салата. Ви носиме рецепт за шарена зимска салата, убава и привлечна за очи, но и многу вкусна.

- Advertisement -

Состојки:

  • 1 кг краставици
  • 1 кг моркови
  • 1/2 кг зелени домати
  • 1/2 кг зелени пиперки
  • 1 кг карфиол
  • 1 кг зелка

Пресол:

  • 750 мл алкохолен оцет
  • 250 гр шеќер
  • 150 гр сол
  • 250 мл вода
  • 1/2 литар масло
  • 1 кесичка бибер во зрна

Подготовка:

Измијте го целиот зеленчук и исечете го на прстени, а зелката на тенки листови. Бланширајте го морковот малку (околу 5 минути), изладете го и исечете го на кругови.

Во шерпата ставете вода, оцет, шеќер, сол, масло и бибер и варете на тивок оган додека не зоврие. Кога ќе зоврие, истурете врз зеленчукот што веќе сте го ставиле во теглите.

Салатата е подготвена за употреба следниот ден.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!