Шарена пита со зеленчук: Доручек за сите генерации!

Вреди да се проба:

Реклама

Искористете го зеленчукот што моментално се наоѓа на пазарот и кој е достапен, исецкајте и ја добивате оваа фина, хранлива и полна пита со витамини.

Состојки:

  • 1 праз – не многу голем
  • 1/2 црвен пипер, а можеби и обичен жолт
  • 100 гр спанаќ, блитва
  • 3 компири, околу 600 гр
  • 3 моркови

Тесто:

Реклама
  • 4 јајца
  • 4 лажици масло
  • 4 лажици млеко
  • 4 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажичка сол, бибер по вкус
  • 50 – 100 гр тврдо сирење

Подготовка:

Исецкајте го празот во прстени, пиперката во коцки, а спанаќот исечкајте го. Ставете се во еден сад. Изрендајте компири и моркови, а потоа измешајте се. Вклучете ја рерната на 180 степени.

Изматете ги јајцата со сол и масло. Додадете млеко, брашно, бибер и прашок за пециво и комбинирајте се. Додадете го зеленчукот во оваа маса и добро измешајте. Во голем плех ставете хартија за печење и истурете ја целата смеса.

Реклама

Израмнете и печете 25 минути. По 25 минути посипете со рендано сирење и ако сакате некое семе. Печете уште 25 минути. Изладете, за да не биде врело, потоа исечете ја на коцки и послужете ја питата со јогурт, сиренце.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -