Шарена освежувачка салата во куглоф

Вреди да се проба:

Реклама

Освежувачка салата која може да се послужи и како главно јадење.

Состојки:

  • 300 гр варени тестенини (макарони)
  • 100 гр мајонез
  • 1 лажиче сенф
  • 2 лажици павлака
  • 100 гр варен грашок
  • 2 моркови на коцки
  • 2 кисели краставички на коцки
  • 200гр. сувомеснато на коцки
  • 100 гр рендано сирење
  • 3 варени рендани јајца
  • сецкан лист од магдонос
  • малку семе од сусам
  • Сол, бибер

Подготовка:

1.Пригответе ги макароните и процедете ги и оладете ги. Додадете ги сите наведени состојки и добро измешајте.

Реклама

2.Калапот куглоф малку намастете го со масло и истурете ја смесата во калапот, израмнете ја добро и оставете ја во фрижидер 2-3 часа да се стегне убаво.

3.Потоа полека протресете на чинија и исечете. Може да се користи како главно јадење, многу е освежувачки и вкусно.

Реклама

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -