Ова е една од најпопуларните манџи во Македонија, зелен чирбест грашок со свинско месо. Некои го сакаат посно, а некои додаваат месо.




Следниот рецепт е доволен за 4 особи, но по потреба можете да подготвите дупла доза. Можете да користите свеж или замрзнат грашок, а доколку користите конзервиран, внимавајте дека не им треба многу за готвење. На месото му треба подолго време за готвење, па затоа внимавајте грашокот да не испадне преварен.




Состојки:
- 300 гр свинско месо исечено на парчиња
- 500 гр замрзнат зелен грашок
- 2 сечкани моркови
- 150 мл сос од домати
- 1/2 сецкан кромид
- магдонос
- 1 рамна лажица суви зачини од зеленчук
- малку масло
- 1 рамна лажица црвен пипер




Начин на подготовка:
На малку масло пропржете го кромидот, а потоа додадете го исечканото свинско месо.
Пржете во тенџерето каде што ќе ја подготвите чорбата се додека месото не ја промени бојата, односно не зарумени малку. Потоа додадете го грашокот и морковот и измешајте.




Додадете една лажичка црвен пипер и една рамна лажица зачин од сув зеленчук. Во тенџерето налејте вода колку да го покрие грашокот и додадете уште малку ако мислите дека чорбата е премногу густа.
На крај додадете го доматниот сос. Оставете да се готви поклопено со капак, на ниска температура околу 1 час.




При крај на готвењето додадете магдонос по желба и проверете дали грашокот е добро сварен.
По желба можете да додадете и компир и црн бибер. Ако го додадете овој зеленчук, направете го тоа на почетокот кога ќе го додадете грашокот во тенџерето.




Уживајте во фантастичниот вкус!