Чомлек на традиционален начин: Старинско јадење за вистински гурмани!

Вреди да се проба:

Реклама

Ова вкусно јадење е традиционален дел од нашата кујна. Едоставно се топи во уста!

Еве како да подготвите вкусен чомлек во земјена тава.

Реклама

Состојки:

  • 500 гр свинско каре
  • 500 гр јунешко месо
  • 200 гр димена свинска сланина
  • 1 кг многу мали кромитчиња
  • 100 гр лук
  • 2 пиперки
  • 70 гр доматно пире
  • мала кесичка црн бибер во зрно
  • 5 гр црвен пипер
  • 20 мл бело вино ( по желба )
  • ловоров лист
  • сол по вкус

Начин на подготовка:

Месото и сланината се сецкаат на коцки и се мешаат заедно. Кромидчињата и лукот се чистат и се оставаат цели, не се сецкаат.

Во длабок и тесен земјен сад се редат слој месо па слој кромидчиња и лук, па повторно слој месо и така се полни садот се до врвот.

Реклама

На страна, во подлабок сад се мешаат сите останати состојки, да се добие изедначена смеса, па со неа се преливаат состојките во земјениот сад.

Се додава вода по потреба, колку да се покрие месото и се додава ловоровиот лист.

Садот се затвора со капак и се „задушува“ со фолија или со тесто, за да не се дозволи испарување при готвењето.

- Advertisement -

Вака спремениот сад се става на многу тивок оган, полека да крчка и да се вари најмалку 3 часа.

Се сервира топло.

Доколку сте во можност, продолжете го времето на готвење и до 5 часа, нема да зажалите.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -