Еве уште една идеја да подготвите нешто вкусно, а да не го нарушите постот.
Потребни состојки:
- 40 главици ситен кромид
- 2 главици лук
- 5 суви пиперки
- 10 печурки
- 1 шолја вино црвено
- ½ шолја масло
- 1 лажичка зачин
- 1 лажичка црвен пипер
- 4 ловоров листа
- 1 лажичка сол
- Бибер во зрна
Начин на подготовка:
Кромидот се чисти, главицата лук се дели на чешниња (не се лупи), сувите пиперки и печурките се мијат и сецкаат на парчиња.
- Advertisement -
Во длабок огноотпорен сад (најдобро е грне) се става еден ред од кромидот, па неколку чешниња лук, потоа сецканите пиперки и печурките и се зачинува со ловоров лист и бибер.
Постапката се повторува уште еднаш и на крај се полева со претходно приготвена течност од вино, масло, зачин, пипер и сол. Грнето се става на оган и се остава да врие на тивко околу 3 часа.
Ова јадење може да се сервира со пире, ориз и слично.
Уживајте!