Пробајте и ќе разберете зошто ова слатко уживање стана хит!




Толку сочно, толку едноставно, со готови кори и фил кој само се меша, без готвење!
Состојки:
- готови чоколадни кори за торта
- 500 мл чоколадно млеко
- 700 гр павлака
- 300 гр мелени бисквити
- 150 гр шеќер во прав
- 500 гр шлаг + 1 кесичка
- 500 мл кисела вода.
Подготовка:




За филот изматете го шлагот со кисела вода. Посебно изматете ја павлаката со шеќерот во прав, па додајте ги мелените бисквити, промешајте да се соединат, па додадете 4 лажици од претходно изматениот шлаг и промешајте. Ако е густо додадете уште две лажици шлаг. Ова може да варира поради сувоста на бисквитите.




Земете ја првата кора и добро посипете ја со чоколадно млеко. Кога ќе се впие, намачкајте една третина од филот, а врз него нанесете една третина од шлагот. Истата постапка повторете ја со остатокот од материјалот и завршете со четвртата кора. Посипете ја со чоколадно млеко, а одозгора украсете ја со кесичка шлаг, чоколадни трошки или шеќерни украси по избор.




По желба, не мора ни четвртата кора да ја ставите, туку може да завршите со последниот дел од филот и шлаг.




Колачот се прави за само половина час, многу е сочен и мек, а неговиот вкус сигурно ќе ве натера повторно да го направите!
Пријатно!