Реклама
Совршена торта за сите прилики.




Состојки:
- 5 јајца
- 3 лажици какао
- 3 лажици брашно
- 7 лажици шеќер
- 3 лажици мелени ореви
Фил:
- 600 мл слатка павлака
- 100 гр чоколадо
- 2 лажици масло
- 6 лажици варено турско кафе




Подготовка:
Изматете ги белките со шеќерот додека не се направи цврста снег смеса. Постепено, со постојано матење, додајте жолчки, какао, брашно и ореви. Истурете ја смесата на плех обложен со хартија за печење и печете 15 минути во загреана рерна на 180 степени.
Реклама




Испечената кора поделете ја на три дела. Растопете го чоколадото на пареа. Додадете две лажици кафе и масло. Изматете го чоколадото со брзи движења за да ја изедначите смесата. Изматете ја павлаката со преостанатото кафе и три лажици од подготвеното чоколадо.




Наредете ја тортата така што ќе ставите кора, па фил и така до потрошување на состојките. На крај искористете го преостанатото чоколадо за глазура.
Реклама
Уживајте!