ЧОКО ЛЕШНИК домашни НАПОЛИТАНКИ: Крцкаво чоколадна слатка!

Вреди да се проба:

Реклама

Слаткото е некако секогаш на маса, а наш предлог за вашата трпеза се овие мирисни наполитанки.

Состојки:

  • 3 листови обланда
  • 400 мл млеко
  • 200 гр шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр чоколадо
  • 300 гр мелени бисквити
  • 100 гр печени мелени лешници

За глазура:

Реклама
  • 100 гр чоколадо
  • 4 лажици млеко
  • коцка маргарин
  • + сецкани лешници

Подготовка:

Истурете го млекото и шеќерот во сад и варете додека шеќерот не се стопи. Кога ќе се стопи, додајте го маргаринот, мешајте ја смесата постојано, а кога маргаринот ќе се стопи, додадете го чоколадото. Потоа во смесата додадете мелени бисквити и лешници и тргнете го садот од шпоретот.

Добро измешајте ги сите состојки и добиената смеса премачкајте ја на лист обланда во два слоја – обланда – полнење – обланда – полнење – обланда. Кога ќе ги премачкате обландите, ставете нешто тешко на тортата, така што таа ќе остане рамна по ладењето со часови.

Реклама

После тоа, направете ја глазурата така што ќе измешате чоколадо, млеко и маргарин и сечкани лешници. Прелијте со газурата врз изладената торта, изладете уште малку за да се стегне глазурата и исечете на коцки, правоаголници по ваша желба.

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -