Во остатокот од текстот прочитајте како да ги направите најубавите колачиња во форма на ирваси.
Време е да ја украсите елката бидејќи доаѓа Нова година, но и да размислите што ќе има на вашата трпеза. Не треба да бидете слаткар за да ги направите овие преслатки мали колачи, бидејќи сè е толку едноставни и нема никој да одбие да проба.
Состојки:
- 300 гр мелени бисквити
- 100 гр путер
- 100 мл сок од портокал
- 100-150 гр млечна чоколада
- переци
- бели украсни топчиња
- црвени бонбони
Подготовка:
Во сад измешајте ги бисквитите, растопениот путер и сокот од портокал. По потреба додадете уште малку сок од портокал и соединете ја смесата. Направете поголеми топчиња и наредете ги во чинија.
Ставете ги во замрзнувач 15 минути и за тоа време стопете го чоколадото. Потоа потопете ги топчињата во чоколадо и наредете ги на хартија за печење. Ставете по два переци на врвот на топката за да ги претставуваат ушите.
Во средината на топката ставете црвено бонбонче бидејќи го претставува носот, а горе белите топчиња. Потоа потопете чепкалка за заби во чоколадото и направете точки на белите топчиња, што ги претставуваат зениците.
Уживајте!