Добро познатата чоколада со експандиран ориз, на многумина им беше омилена слатка во детството. Еве како сами дома да ја подготвите.
Состојки:
- 300 гр чоколадо
- 4 лажици шеќер
- 5 лажици вода
- 40 гр маргарин
- 30 гр експандиран ориз,
- 50 гр ситно сецкани бадеми или лешници
Подготовка:
Ставете вода и шеќер во сад на оган на не многу висока температура. Оставете да се растопи шеќерот. Откако ќе се стопи шеќерот, додадете ги чоколадото искршено на коцки и маргаринот.
- Advertisement -
Кога масата е изедначена, додадете го експандираниот ориз и бадеми. Измешајте се добро и истурете во плех за печење. Оставете да се излади. Кога ќе се излади, исечете го чоколадото на посакуваната големина.
Уживајте!