Реклама
Ова е брза и едноставна верзија на вашето омилено слатко уживање …




Состојки:
- 3 јајца
- 100 гр. шеќер
- 50 гр. какао
- 125 гр. путер
- прашок за пециво половина кесичка
- 180 мл. грчки јогурт
- 40 мл. млеко
- 150 гр. брашно




Подготовка:
Измешајте ги сите суви состојки, па додадете го растопениот путер, јогуртот, млекото и изматените јајца. Сè добро соединете.
Реклама




Печете ги вафлите во добро загреан подмачкан апарат за вафли од 5 до 7 минути, во зависност од јачината на апаратот.
Готовите вафли послужете ги со топка сладолед од ванила или прелијте ги со чоколаден прелив и сечкани банани.
Реклама




Уживајте!