Чоколадна торта со само шест состојки што не се пече ќе ви стане омилен десерт!




Слатките се омилено уживање за секоја свечена пригода, па дури и кога се лесни за правење и имаат малку состојки, совршени се и за брз десерт!




Доколку барате добар рецепт за торта чија главна состојка е чоколадото, но содржи и вкусно крем сирење и јаткасти плодови, ова е вистинската слатка за вас! Има само шест состојки и секој може да го подготви, дури и ако нема големо искуство во кујната.
Состојки:
- 200 грама бисквити
- 100 грама ореви
- 80 грама путер
- 200 грама чоколаден намаз
- 400 грама крем сирење
- 200 милилитри слатка павлака
Подготовка:
Скршете ги бисквитите и исечкајте ги оревите во блендер. Измешајте ги, па соединете со растопен путер, ова ќе биде кората од колачот. Калапот обложете го со хартија за печење и со шпатула убаво истиснете ја смесата од бисквити, ореви и путер.




За кремот изматете го крем сирењето и чоколадниот намаз додека не добиете воздушеста смеса, а потоа нанесете ја на добиената кора од колачот. На крај изматете ја слатаката павлака и со неа до горе наполнете го калапот. Посипете со сечкани ореви и украсете со повеќе чоколаден намаз по желба.




Погледни!