Ако не сте вешти во правење слатки, чоколадна торта без печење сигурно ќе успее.




Кога сакате да направите брз десерт, без премногу валкани садови, тогаш нема да погрешите со чоколадна торта. Задолжително додадете бисквити, наместо калап користете шише за вода.




Оваа сочна и вкусна торта содржи двојна чоколада, бидејќи на крајот се прелива со глазура, па љубителите на слатки ќе полудат.
Состојки:
- 700 мл млеко
- 50 гр какао
- 70 гр пченкарен скроб
- 100 гр шеќер
- 50 гр путер
- 400 гр чоколадо
- 200 гр бисквити
Подготовка:




Одозгора исечете го врвот на пластичното шише. Во млекото додадете шеќер, скроб и какао и варете на оган. Гответе со постојано мешање додека не се згусне, потоа додадете чоколадо (200 гр.) и путер, па варете мешајќи додека не се растопи.




Бисквитот искршете го и ставете го во претходната смеса и промешајте. Истурете ја смесата во шише. Протресете убаво и покријте со алуминиумска фолија и ставете го во фрижидер еден час.




Растопете го преостанатото чоколадо (200 гр.), па извадете го колачот од шишето и прелијте го со чоколадото. Ставете го во фрижидер уште 15 минути.
Пријатно!