Една од оние торти кои ќе ги правите за секоја убава пригода!




Состојки:
Кора:
- 6 белки
- 50 гр шеќер
- 100 гр мелени ореви
- 2 лажици брашно
Состојки за кремот:
- 6 жолчки
- 700 мл свежо млеко
- 70 гр брашно
- 10 лажици шеќер
- кесичка ванилин шеќер
- 200 гр чоколадо за готвење
- 250 гр сирење маскарпоне
- 200 мл павлака за готвење
Подготовка:




За корите изматете ги белките со шеќер во цврст снег, па внимателно соединете ги со брашно и мелените ореви. Истурете ја смесата во плех со дијаметар од околу 22 см, покриен со хартија со иста големина.




Се пече во загреана рерна на 160 степени околу 20-30 минути. Треба да ви излезат 3 кори. Изладете ја кората и излупете ја хартијата.




За кремот изматете ги јајцата со шеќерот и додадете ги брашното и ванилата. Започнете со додавање на варено свежо млеко со постојано мешање. После тоа, префрлете го кремот во сад во кој се вареше млекото и вратете на ринглата. Енергично мешајте додека кремот не се згусне.




Растопете ја чоколадата, прелијте ја во врелиот крем и по 40-50 секунди почнете да мешате, додека кремот не се хомогенизира. Оставете го кремот да се излади и изматете го маскарпонето. Додадете павлака и повторно изматете убаво. Во маскарпонето додадете малку од кремот со постојано мешање.




Во соодветен сад за сервирање наредете кора фил, кора фил и одозгора намачкајте многу крем фил со декорација по желба. Ставете ја тортата во фрижидер да преноќи!
Пријатно!