Реклама
Направете го овој вкусен домашен кроасан и нема да погрешите. Сите ќе го обожаваат.




Состојки:
- 500 гр месено лиснато тесто
- 300 гр намаз од чоколадо, крем нутела или друг крем
- 1 големо јајце
- Шеќер
- Брашно




Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени. Поставете плех со хартија за печење. Лиснатото тесто поделете го на два дела па тенко расукајте една половина од лиснатото тесто и премачкајте го со половина од намазот од чоколадо.
Реклама




Замотајте го, па пресечете го на половина по должина и завиткајте ги двете „ролни“ за да добиете изглед на плетенка.
Премачкајте со јајце и посипете со малку шеќер. Повторете го процесот со преостанатите 250 гр тесто. Печете ги двете плетенки 20-25 минути, додека не добијат златна боја.
Реклама




Почекајте околу десет минути пред сечењето.
Добар апетит!