Чоколаден сендвич со кришки леб: Десерт на кој нема да можете да одолеете!

Вреди да се проба:

Неодоливо вкусен, чоколаден сендвич кој нема да го заборавите лесно.

Состојки:

  • 30 гр какао
  • 60 мл топла вода
  • 5 големи јајца
  • 180 мл слатка павлака
  • 240 мл млеко
  • 50 гр шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1/4 лажиче сол
  • 300 гр темно чоколадо
  • кришки леб

Подготовка:

Растопете го какаото во топла вода, промешајте и оставете го настрана. Во плиток сад изматете ги јајцата, додадете павлака, млеко, шеќер, екстракт од ванила и сол. Промешајте, па истурете ја смесата со какао и вода исто така.

- Advertisement -

Топете мало парче путер на тава на средна топлина. Натопете две парчиња леб во подготвената смеса, па ставете на загреаната тава. Печете две до три минути, а потоа свртете. Ставете го исецканото темно чоколадо на една кришка и почекајте една минута или две да се стопи, а потоа покријте го со друго парче и направете сладок чоколаден сендвич.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!