ЧОКОЛАДЕН МУС со портокал: Совршено уживање за студените денови!

Вреди да се проба:

Почастете се со овој фантастичен десерт после ручекот. Овој мус од чоколадо може да се користи како крем за колачи, но најдобриот начин да уживате во овој  десерт е да го послужите во шолја.

Состојки:

  • 120 грама црно чоколадо
  • 2 јајца
  • малку сол
  • 30 грама путер
  • 4 лажици шеќер
  • 1/2 лажица ситно исечкана кора од портокал

Подготовка:

Растопете го чоколадото со путерот и оставете малку да се излади. Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките со прстофат сол во цврст снег.

- Advertisement -

Потоа, додадете 2 лажици шеќер. Изматете ги жолчките со 2 лажици шеќер и варете ги на пареа, мешајќи неколку минути, со цел да ги загреете. Додадете ги во растопеното чоколадо.

Снегот од белката од јајца ставете ги во смесата со чоколадо и рачно мешајте заедно со кората од портокал. Се сервира во шолји за и се оставаат да се оладат во фрижидер.

Може да се користи и слатка павлака изматена во шлаг одозгора.

Бидејќи го комбиниравме со портокал, можете да го декорирате со парчиња свеж или карамелизиран портокал.

Уживајте!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!