ЧЕРВИШ СПОРЕД РЕЦЕПТ НА БАБА: Традиционално пилешко јадење, печено со бешамел сос и лук!

Вреди да се проба:

Реклама

Червиш е едно од јадењата на база на пилешко бело месо.

Пилешките гради или белото месо во кујните на нашите баби не беа толку ценети како, да речеме, батаците. Ова посно и фиброзно месо е генијално комбинирано со бешамел сос, со зачинета нота на лук. Така настанал червишот.

Реклама

Состојки:

  • 400 гр пилешко бело месо
  • 150 мл масло
  • 4 чешниња лук
  • 6 лажици брашно
  • сол, бибер
  • билни зачин
  • свеж магдонос

Подготовка:

Во шерпата сипете вода, додадете бело месо и една лажичка сув билен зачин и варете додека месото не омекне. Кога ќе се свари месото, извадете го од шерпата, па исечете го на долги ленти или како што правеа нашите баби, исцепкајте го со прстите.

Оставете ја на страна водата во која сте го вареле месото. Во подлабоко тавче сипете го маслото, а кога ќе се загрее намалете го и ставете го исчистениот и сечкан лук и продинстајте. Потоа додадете шест лажици брашно и пропржете доволно за да не пожолти брашното.

Реклама

Во садот што ќе го ставите во рерна, прво прелијте го месото со брашно и лук, а потоа посолете малку и истурете ја водата во која се вареше месото, па уште еднаш нежно промешајте. Садот се става во загреана рерна на 200 степени и се пече околу дваесет минути.

Украсете со листови свеж магдонос и послужете со прилог по ваш избор. Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -