Овие две состојки комбинираат моќен борец против настинки и бактериски инфекции на грлото.




Лукот има силни антибактериски и антиинфламаторни својства, а нането ги отвора дишните патишта и ја ублажува кашлицата, па овие две состојки во комбинација се моќен борец против настинки и бактериски инфекции на грлото.
Состојки:
- 3 дцл вода
- 3 чешниња лук
- Кесичка чај од нане или неколку листови свежо нане
- мед
- Лимон
Подготовка:
Лукот изгмечете го и ставете го во шолја да отстои 10 минути за да се активираат сите здрави материи во него.




Ставете ја водата да зоврие. Во шолја со лук се става кесичка чај (или свежи листови), се прелива со топла вода и се остава да отстои 5 минути.




Процедете го чајот, додадете една лажичка мед и малку лимон. Чајот пијте го додека е уште топол.




Совет плус: Доколку сакате да го подобрите ефектот на овие лековити намирници и да го дезинфицирате воспаленото грло, не фрлајте го искористениот лук и нане (ако сте користеле свежи листови), туку џвакајте ги полека две минути, а потоа голтајте.