Од само неколку обични намирници кои веројатно ги имате во фрижидер, во секое време може да направете чалбур. Погледнете го овој уникатен рецепт.




Состојки:
- 2 јајца
- 300 мл вода
- 2 големи лажици брашно
- 1 чешне лукче (ситно сецкано)
- ситно сецкан магдонос
- 1 лажичка мелен црвен пипер
- малку сол
- црн бибер
- масло по потреба
ВАЖНО: Бројот на јајца се става зависно членовите за колку лица припремате.
Пример за едно јајце, една кафена лажичка брашно се запржува на малку масло, се додава ¼ лажичка црвен пипер, се пропржува па се додава 150 мл вода.




Подготовка:
Се започнува исто како кога правите запршка, само треба да е малку погуста од обично.




Во тавче ставете малку зејтин, запржете го брашното и додајте го црвениот мелен пипер и мешајте внимателно да не загори се додека се соедини.




Потоа додадете ја водата и оставете да се готви додека стане како каша и зоврие.




Се додава мешан сув зачин, едно ситно сечкано чешне лук, мелен црн пипер и сол по желба, па се промешува. Кога водата ќе почне да врие, се кршат јајцата и се спуштаат во кашичката.
Се остава да врие на потивко додека јајцата се сварат (околу 5 минути).




Се сервира во чинија и се наросува со сечкан магдонос.
Добар апетит!